Доопремен мигрантскиот камп „Липа“ во БиХ

Босна и Херцеговина - Кампот „Липа“.

Кампот „Липа“, кој се наоѓа на околу 30 километри од Бихаќ во северозападот на Босна и Херцеговина, денска беше доопремен со кревети и душеци за неколку стотици мигранти кои престојуваат во кампот.

Безбедносните сили на БиХ пред неколку дена поставија 19 шатори во кои ќе бидат поставени кревети.

Воените шатори треба да послужат како привремено сместување за мигрантите и бегалците до целосната изградба и опремување на кампот.

Министерот за безбедност на БиХ Селмо Цикотиќ и претставници од Унско-санскиот кантон (УСК), на 3 јануари се договорија дека стотина мигранти кои престојуваат во прифатниот центар „Липа“, ќе останат на оваа локација додека кампот не биде адекватно приспособен и додека не биде постигнат договор за рамномерна распределба на товарот од мигранската криза низ сите делови од земјата.

За време на посетата на официјалните претставници на БиХ, мигрантите протестираа, а на транспарентите кои ги истакнаа пишуваше: „Сакаме помош од ЕУ“, „Ние не сме животни“...

Цикотиќ го посети кампот „Липа“ и се сретна со властите на УСК, откако претставници на меѓународната заедница во БиХ побараа да бидат најдени итни решенија за „исклучително загрижувачката ситуација со мигрантите“ во овој кантон.