Османи: Департизација на дипломатската служба, е висок приоритет

Бујар Османи

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес на пресс конференција го претстави новиот нацрт-текст на законот за надворешни работи за кој кажа дека е конципиран на начин да одговори на сите предизвици на државата како членка на НАТО и земја со одлука за почеток на преговори со Европската Унија.

„Потребата од професионализација, односно департизација на дипломатската служба, е висок приоритет на нашето општество, но и на моите лични заложби. Интенцијата што сакам да ја постигнам е деполитизација на службата преку зајакната примена на начелата на заслуги, еднакви можности, соодветна и правична застапеност, како и професионализација на високите раководни позиции во Министерството“, изајви Османи.

Тој нагласи дека најмалку 75 отсто од амбасадорите во иднина ќе бидат дипломати од кариера, што претставува драстична промена од постојното законско решение и обид за драстично подобрување на соодносот меѓу политички дипломати и дипломати од кариера.

Една од новините на овој закон е и воведувањето нова категорија економски советници, воведувањето механизам на внатрешна контрола во Министерството и ефикасен систем за оценување на работата на дипломатите.

СДСМ го повлекува законот за надворешни работи, ВМРО ДПМНЕ најави блокада

Со овој Закон, во однос на шефовите на ДКП се зацврстува решението дека само државјани на Република Северна Македонија можат да бидат избрани за шефови на ДКП, односно за амасадори.

Нацрт текстот од денеска е јавно достапен, а Османи очекува откако ќе завршат интерните процедури на усогласување на одредбите во предлог-законот, документот да ја помине владината процедура, а потоа и собраниската процедура и да биде усвоен во Собрание.