Земјотресот во Хрватска уништи или оштети 8.928 згради

Оштетени згради по земјотресот во Петриња, Хрватска

Пријавена е штета на 8.928 згради по земјотресот што погоди 19 единици на локалната самоуправа во округот Сисак-Мославина во минатиот вторник. Петриња, Глина, Сисак и Лекеник се сериозно оштетени, а голема материјална штета претрпеле Доњи Кукурузари, Суња, Хрватска Костајница, Мајур, Двор Топуско, Гвозд и Мартинска Вес, пренесува агенцијата ХИНА. Од 8.928 згради каде е пријавена штета, 20 проценти биле целосно срушени или сериозно оштетени и повеќе не можеле да се користат, за 24 проценти од зградите ќе биде потребна дополнителна статичка инспекција, а 54 проценти од зградите може да се користат и покрај штетата.

Првите мобилни домови пристигнаа во Глина

Во земјотресот со интензитет од 6,2 степени според Рихтеровата скала што во вторникот ја погоди областа Петриња, загинаа седум лица, а над 20 беа повредени.