Бомбашки напад врз руска база во Сирија

Руски сили во Сирија, архивска фотографија

Автомобил-бомба денеска експлодирал во близина на руската база во североисточна Сирија, соопшти Сириската опсерватрија за набудување за човекови права. Според истите извори во нападот има и ранети, пренесува АФП.

Групата Хура ал-Дин, поврзана со Ал Каеда, ја презеде одговорноста за нападот во провинцијата Рака.

Ердоган и Путин договорија прекин на огнот во Идлиб

Инаку областа е контролирана од сириските курдски сили, но таму исто така присутни се и сириски и руски сили. Според Опсерваторијата, ова е прв напад врз руска база во североисточна Сирија.