Нови земјотреси во Петриња,земјата се спуштила до 30 сантиметри

Петриња по разорниот земјотрес

Европскиот медитерански сеизмолошки центар денеска објави дека се регистрирани два нови умерени земјотреси во близина на Петриња и Сисак, во Хрватска. Првиот земјотрес со јачина од 3,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран во утрово во 4:52 часот, а епицентарот бил на 12 километри југозападно од Петриња. Вториот земјотрес со јачина од 3,1 степен е регистриран во 6:37 часот, а епицентарот бил на 19 километри југозападно од Сисак.

Објавени се сателитски снимки со анализа која открива дека поради разорниот земјотрес во вторникот, земјата во Петриња се спуштила повеќе од 10 сантиметри. Снимките на Фејсбук ги објави Ален Берта, инженер по шумарство и консултант во меѓународната компанија ЦГИ, задолжен за подрачјето за набљудување на планетата. Тој додава дека во земјотресот во Загреб земјата се поместила само неколку сантиметри во епицентарот.

„Толкаво движење на земјата е поголемо отколку за време на разорните земјотреси што се случија во Италија пред 3-4 години. Само да потсетам дека во земјотресот во Загреб земјата се движеше само неколку сантиметри во епицентарот, додека во самиот град беше неколку милиметри” стои во неговата објава.

3.000.000 денари помош од Скопје за Петриња

Земјата во областа Банија се уште се тресе по разорниот земјотрес со јачина од 6,2 степени по Рихтер што во вторникот ги погоди Петриња и околината. Земјотресот беше проследен со низа последователни, а до вчера имаше 265 степени со магнитуда поголема од 1 степен, пренесува хрватскиот портал „Индекс“.