Првиот ден од Новата година ќе биде сончев

Времето денеска изутрина ќе биде постудено, а преку денот претежно сончево со мала до умерена облачност, особено во западните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Минималната температура денеска ќе биде во интервал од -2 до 3, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени.

Во Скопје, ќе биде претежно сончево со слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 11 степени целзиусови.