Првите мобилни домови пристигнаа во Глина

Жителите на Петриња и околните места кои беа тешко погодени од силниот земјотрес веќе втора ноќ ја поминаат под отворено небо и во автомобили.

Првите 20 мобилни куќи наменети за семејствата погодени од земјотресот во округот Сисак-Мославина, претежно од Истра, пристигнаа утрово во Глина. Тие се донација од неколку хрватски хотели и компании, а во следните неколку дена треба да пристигнат вкупно над 84 подвижни домови за повеќе од 500 луѓе.

„Испорачаните подвижни домови ќе бидат подготвени за вселување денеска, а првите ќе бидат поставени во Ново Село“,изјави министерката за туризам и спорт, Николина Брњац, која го посети погоденото село од земјотресот.

Видео - Спасувачки екипи во Петриња, веднаш по земјотресот

Денеска беше најавено дека ќе се распределат и 13 милиони евра кои се наменети за Сисачко- мославичката жупанија. Подвижните домови се наменети за семејствата погодени од земјотресот во оваа област, особено за оние кои не можат или не сакаат да ги напуштат своите домови.