Во скопските болници има 412 ковид пациенти и 102 слободни места

Илустрација - Клиника за инфективни болести во Скопје

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 28 нови пациенти поради компликации од корона вирусот, со што сега вкупно 412 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, информираше денеска Министерството за здравство (МЗ).

„Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 7 приеми и тоа по еден пациент бил хоспитализиран на Клиниката за неврологија, на Клиниката за нефрологија, на Очната клиника и на Клиниката за гастроентерохепатологија, тројца на ТБЦ и двајца на Клиниката за дерматологија. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 7 нови приеми на пациенти. На Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден се хоспитализирани 12 болни. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 35 оздравени пациенти“, се наведува во соопштението од МЗ.

Вкупно 412 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град, а голем дел од нив се на кислородна поддршка.

„И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало 102 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ 8 Септември. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка“, соопшти МЗ.

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје, објавен денеска, во последните седум дена е забележан пак на бројот на новозаразени со коронавирусот и на починати како последица од Ковид-19.