Нови 83 случаи на ковид-19, 419 оздравени и 11 починати

Ковид-19 амбуланта во Скопје

Нови 83 случаи на ковид-19 од направени 700 тестирања се регистрирани во последните 24 часа, соопшти Министерството за здравство. Во Скопје има 44 нови случаи, Прилеп-6, Битола и Штип по 5, Велес-4, во Куманово и Тетово по 3, Дебар, Неготино и Струмица по 3, во Кавадарци, Гостивар, Крива Паланка, Делчево, Кратово и Ресен по 1 новозаразен со ковид-19.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 419 оздравени пациенти.

Починати се 11 лица, по двајца пациенти од Скопје и Битола, и по еден од Велес, Кавадарци, Гостивар, Богданци, Струмица, Крива Паланка и од Радовиш. Пациентите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 81804, бројката на оздравени пациенти е 59650, на починати е 2456, а бројот на активни случаи изнесува 19698.