Засилени контроли на угостителските објекти и за Нова Година

Угостителски објекти во Скопје во пандемија

Директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски денеска изјави дека и за новогодишните празници интензивно ќе продолжат контролите, а инспекторите по 12 или по 14 часа се на терен. Тој вели ако Владата направи закон што ќе дозволи да казнуваат врз основа на слики и снимки, тие ќе бидат тука, но засега нивната надлежност е да воочуваат дали се почитуваат законските прописи,

Пауновски денеска присуствуваше на отворањето на новата Канцеларија на Инспекторатот во Тетово. Тој апелираше сите да ги почитуваат протоколите за заштита од ковид-19.

Инспекторите контролираат дали угостителските објекти го почитуваат работното време до 18 часот, воведено како дел од мерките за спречување на ширење на вирусот.