Кинеска новинарка осудена на 4 години затвор за известување од Вухан

Илустрација - Продемократски демонстранти во Хонг Конг бараат ослободување на новинарката Жан

Кина изрече тешка затворска казна за новинарката Жанг Жан која известуваше за избувнувањето на коронавирусот од Вухан во февруари. Според нејзиниот адвокат, Жан, која и самата е поранешна адвокатка, доби четири години затвор од судот во Шангај за нејзините извештаи од првичниот епицентар на вирусот.

Новинарката е осудена за „поттикнување кавги и проблеми“ „бирање кавги и предизвикување проблеми“. 37-годишната Жан сними видеа што беа широко споделени на Интернет, прикажувајќи пренатрупани крематориуми и болници, додека градот се бореше да се справи со Ковид-19 во раните денови на избувнувањето.

Нејзиниот адвокат рече дека се зголемува загриженоста за нејзиното здравје. Таа започна штрајк со глад во јуни и се храни преку назална цевка. Жан минатата недела рече дека ќе одбива храна „до самиот крај“ доколку добие тешка казна.

Таа е првата на која ѝ се суди од групата граѓани-новинари приведени од властите на почетокот на оваа година по известувањето од Вухан. Кина беше сериозно критикувана во врска со првичното справување со вирусот и обвинета за тајно однесување, но се чини дека се обидува да го преформулира наративот.