МВР отвора телефонска линија за пријавување недозволени забави

Илустрација - Министерот Оливер Спасовски со припадници на полицијата

На бесплатна телефонска линија граѓаните ќе можат да пријават недозволени забави и собирања на повеќе од четири лица. Ова е новиот проект кој Министерството за внатрешни работи (МВР) го почнува неспоредно пред новогодишните празници, пренесе МИА.

Проектот денеска го најави и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, кој рече дека пријавувањето ќе биде анонимно.

„Денеска ќе излеземе со еден проект за бесплатен телефонски број, анонимен, и повикувам секој еден граѓанин да помогне и да биде партнер во спречувањето на ширењето на вирусот и таму каде што ќе има организирани настани и прослави да извести на тој телефонски, анонимен број“, информираше Спасовски, пренесе МИА.

Министерот најави поригорозни контроли за празниците во насока на почитување на мерките за заштита од ширење на коронавирусот.