За 24 часа 20 нови пациенти во скопските ковид центри

Ковид-19 центар во Скопје

Во изминатите 24 часа, во ковид центрите во Скопје, се хоспитализирани 20 нови пациенти поради компликации од корона вирусот, со што на инфективните оддели сега има вкупно 433 пациенти - сомнителни и потврдени за ковид-19, информираше денеска Министерството за здравство (МЗ).

„Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 7 приеми и тоа по еден пациент бил хоспитализиран на Клиниката за ОРЛ и на Клиниката за гастроентерохепатологија, тројца на Очната клиника и двајца на Клиниката за нефрологија. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 8 нови приеми на пациенти. На Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден се хоспитализирани петмина болни“, соопшти МЗ.


Во изминатите 24 часа дома се пуштени 16 оздравени пациенти.

„Во ГОБ 8 Септември има вкупно 108 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 135 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 47 пациенти. Од вкупниот број на 433 пациенти потврдени и сомнителни за ковид-19 коишто се лекуваат на инфективните оддели во скопските болници голем дел се на кислородна поддршка“, се наведува во соопштението од Министерството.

Оттаму додаваат дека утрово до 8 часот имало 86 слободни места.