Трамп го потпиша предлог законот за помошта за милиони Американци

Американскиот претседател Доналд Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп го потпиша нацрт-законот за економско олеснување за време на пандемијата на ковид-19 и за финансирање на владата по неколкудневно одложување за време на кое истекоа надоместоците за невработеност за над 11 милиони Американци, а пратениците предупредија за потенцијално затворање на владата. Трамп го шокираше Конгресот и ја фрли во неизвесност судбината на законот на 22 декември кога сугерираше дека нема да го потпише. Предлог-законот беше изгласан со големо мнозинство во Претставничкиот дом и Сенатот по неколкумесечни расправии и уверување од Белата куќа дека Трамп ќе го поддржи.

Трамп стави вето на законот за одбраната

Трамп бараше поголема сума за еднократна парична помош за Американците и критикуваше одредени трошоци како непотребни. Неколку членови на Конгресот го повикаа Трамп веднаш да го потпише нацрт-законот, во време кога земјата е сериозно погодена од здравствената и економската криза. Сенаторот од Вермонт, Берни Сандерс изјави дека она што го прави Трамп сега е „неверојатно сурово“ и додаде дека „голем број луѓе страдаат“. Републиканскиот сенатор од Пенсилванија, Пет Туми исто така рече дека Трамп треба да го потпише усвоениот предлог-закон, а потоа да побара одобрување на дополнителна помош. „Сега имаме предлог во чија дефиниција учествуваше и неговата администрација. Мислам дека треба да го завршиме тоа“, изјави Туми.