Путин ја откажа традиционалната бизнис средба

Илустрација, Рускиот претседател Владимир Путин

Рускиот претседател Владимир Путин нема да учествува оваа година на традиционалната средба со бизнисмените. Портпаролот на Кремљ Дмитриј Поцков денеска изјави дека состанокот кој секоја година се одржува пред Нова Година, годинава нема да се оддржи и при тоа не наведе причина. Претходно на почекотокот на месецов шефот на руската индустриска унија и претпримачи Александар Шохин изјави дека традиционалниот состанок треба да се одржи на 25 декември.

Путин годинава ја откажа и традиционалната сесија на прашања и одговори , еден од најголемите телевизиски настани во кој Путин со часови одговараше на прашања на внимателно избрани луѓе ширум Русија.