Каракачанов: Вакцините не ги даваме на соседи, туку на сонародници

Красимир Каракачанов

Бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана, Красимир Каракачанов, во интервју за бугарската телевизија БНТ денеска изјави дека најавената донација на вакцини за Македонија од Бугарија не е за соседи, туку за сонародници кои живеат надвор од Европската унија (ЕУ).

„Бугарија е држава на сите Бугари. Ние имаме сонародници кои живеат во државите надвор од ЕУ. Тие се бугарски граѓани. Кога ние ги признаваме за Бугари треба да им дадеме можност да им се помогне“, рече Каракачанов.

Изјавата на Каракачанов доаѓа неколку дена откако бугарската Влада одлучи дел од секоја пратка со вакцини против ковид-19 која ќе стаса во Бугарија да ја донира за граѓаните на Македонија.