Хоџа најави 150 милиони евра субвенции, поддршка за млади фармери и „зелена нафта”

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Аријанит Хоџа

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа, денеска, реферирајќи за сработеното во првите 100 дена од неговото стапување на функцијата, најави 150 милиони евра финансиска поддршка за земјоделците и земјоделството, како и услови за порентабилно производство, субвенции за набавка на „зелена нафта”, консолидација на површините, поттикнување на младите земјоделци со 20.000 евра неповратна помош и на жените фармери со 6.000 евра.

„Ќе продолжат и капиталните инвестиции за питка и вода за наводнување, како и неселктивното исплаќање на субвенциите. Досега се исплатени околу 115 милиони евра од проектираните субвенции, а до крајот на годината поддршката ќе биде целосно заокружена, вклучувајќи ги и долговите по овој основ од претхоната Влада“, рече Хоџа на денешната прес-конференција.

Во сработеното, Хоџа ги вброи билатералните средби со колеги од регионот, САД и Русија за зголемување на извозот на земјоделски производи, средби со земјоделците, ублажувањето на последиците од пандемијата во земјоделството, потшишувањето на 540 договори за набавка на трактори и доделувањето на првите договори за 20.000 евра неповратна поддршка за млади земјоделци.