УЈП: Најмладиот македонски милионер има 6 години, најстариот 101

Директорката на УЈП, Сања Лукареска

Најмладиот македонски милионер, кој остварил бруто приход во 2019 година од над еден милион денари, е дете родено во 2013 година, кое заработува преку закупнина, соопшти денеска директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), Сања Лукаревска. Таа дополни дека највозрасниот граѓанин од оваа категорија има 101 година, а највозрасниот граѓанин, кој остварил приход над 10 милиони денари, има 86 години.

Како што соопшти Лукаревска, најбогатиот пензионер живее во Штип со пензија од 11.000 евра, битолчанец остварил најголем прход врз сите основи на годишна даночна пријава, додека скопјанка има најголем приход од игри на среќа во висина од 471.000 евра. Битолчанец е најбогатиот граѓанин кој лани заработил 3,5 милиони евра, додека највисоката плата пак, била исплатена на лице од Струга, од индустријата со метали - кој годишно пријавил бруто доход од 1,9 милиони евра или месечната плата му била 156 илјади евра.

Според Управата за јавни приходи, во споредба со 2018 та година, има значително намалување на оставрените приходи по сите основи, а прворангираниот со овој доход, тогаш би бил девето-рангиран.

Согласно законите за заштита на личните и деловни податоци, УЈП не ги објавува имињата на даночните обврзници.