Нуредини: Итен план за Преспанско, со аерозагадувањето чекор по чекор

Насер Нуредини

Министерот за животна средина, Насер Нуредини, денеска информираше дека е изработен итен акциски план за заштита на Преспанското Езеро кој е придружен и со финансиска конструкција, и дека планот е во владина процедура за усвојување.

Нуредини рече дека се надева оти активностите од овој план ќе почнат наскоро да се спроведуваат и на таков начин, како што рече, ќе се намалат антропогените притисоци врз оваа клучна жешка точка на биодиверзитетот што ги трпи последиците од климатските промени од природните циклуси и осцилации, но и често од неодговорно однесување на човекот кон природата.

Министерот за животна средина, кој денеска имаше отчет по првите 100 дена од работата на овој владин состав, рече дека со аерозагадувањето државата се справува чекор по чекор. Како поткрепа на ова негово тврдење тој ја посочи гасификацијата на земјава и најави дека наредната година ќе се работи на и на секундарната и терцијалната мрежа, а постојано се работи и на субвенционирање на еколошко греење