На Табановце до 15 часот влегле над 2.200 граѓани

Илустрација: Граничен премин

Од полноќ до 15 часот на Граничниот премин Табановце, влегле вкупно 2.235 граѓани, од кои 1.551 домашни и 684 странски државјани, информираше денеска МВР. Во овој период, пак, излегле 373 лица од кои 212 домашни и 161 странски државјани.

Од денеска за влез во соседна Србија задолжителен е негативен ПЦР тест, не постар од 24 часа, освен за транзитните патници, кои мора за 12 часа да излезат од Србија.