ВМРО-ДПМНЕ за Буџетот 2021: Од шупливо во празно

Илустрација - Централата на ВМРО-ДПМНЕ во центарот на Скопје

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска ги обвини Владата и премиерот Зоран Заев дека Буџетот за 2021 година е неразвоен, не е насочен кон граѓаните и создава додадена вредност. Реакцијата следува по синоќешното усвојување на Буџетот за следната година во Собранието, кој, според владејачкиот СДСМ е „континуитет на одговорните, домаќински политики на СДСМ во управувањето со јавните финансии“.

„СДСМ планира да троши стотици милиони без да каже на што. Владата ќе потроши историски највисоки средства само за плати, односно во 2021 година за плати на администрацијата ќе се потрошат 20 милиони евра повеќе, споредбено со оваа 2020 година. Од шупливо во празно“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Буџетот за 2021 година има три клучни приоритети: здравство, економија и зачувување на работните места, владеење на правото и реформи. За 2021 година, со Буџетот, според Владата, предвиден е раст на економијата од 4,1% и намалување на буџетскиот дефицит за 3,6 процентни поени во однос на годинешниот.