МОН: Не се укинува предметот историја туку се интегрира

Воведувањето на наставниот предмет општествени науки не значи дека се укинува наставниот предмет историја, туку содржините од него стануваат задолжителен дел од интегрираната наставна програма, реагираше денеска Монистерството за образование и наука (МОН), по минатонеделните информации и рекации дека се укинува предметот историја, како едно од решенијата за спорот со Бугарија и нејзиното вето на преговарачката рамка на Европската унија и Македонија.

„Преку интегрирање на содржини од историја, граѓанско образование и географија, наставниците по овие предмети продолжуваат да работат во училиштето, но сега заеднички ја планираат наставата, ги поврзуваат општествените појави и процеси, а учениците ги учат од различни перспективи. Исто така, концепцијата за основно образование ја дава „рамката“ според која се планира основното образование и документ не ги брише содржини од наставните предмети, ниту пак предвидува менување на содржините од предметот историја“, се вели во реакцијата на МОН.

Од Министерството додаваат дека овој модел не е новина во образованието во светот, ниту во нашиот образовен систем и како пример го наведуваат предметот природни науки до шесто одделение.