Од денеска во Србија само со негативен ПЦР тест, освен за транзит

Илустрација - Граничниот премин „Табановце“ на македонско-српската граница

Од денеска за влез во Србија е задолжителен е негативен ПЦР тест, не постар од 24 часа, освен за транзитните патници, кои мора за 12 часа да излезат од Србија, јави МИА од Белград.

По денешната седница на Кризниот штаб, епидемиологот Бранислав Тиодоровиќ изјави дека се усвоени предлозите да се дозволи работа на трговски центри до 20 часот, како и дека сите услужни дејности ќе работат до 20 часот во работните денови.

„Кафулињата и рестораните можат да работат до 20 часот, наместо досега до 17 часот, притоа почитувајќи ги постојните мерки, без употреба на музика во каква било смисла“, додаде изјави Тиодоровиќ.

Мерките треба да бидат усвоени од Владата на Србија.