Полицијата синоќа привела четири лица кои биле затекнати во угостителски објект во скопски Аеродром, кој претходно бил затворен со пломба. Лицата биле приведени за непочитување на мерките за заштита од коронавирус и поради сомнение за „симнување или оштетување државен печат или знак“.
Од утре во сила рестриктивните ковид-мерки, угостителитe бараат помош
Како што информира МВР полициски службеници од Скопје, во соработка со Државниот пазарен инспекторат, извршиле контроли во 229 угостителски објекти во врска со почитување на мерките на Владата за спречување на ширењето на Ковид-19.
Од МВР информираат и дека синоќа, од 17.00 до 21.00 часот имало контрола во 54 угостителски објекти во Куманово и Липково. Притоа, во еден угостителски објект било констатирано дека растојанието помеѓу масите отстапува од протоколите и инспекторите презеле мерки.
НУК ќе се жали пред Уставен за работното време до 18 часот
Од 18 ти месецов стапи на сила новиот пакет на рестриктивни мерки против ковид-19 кои ги усвои Владата на предлог на Комисијата за заразни болести.
Новиот пакет мерки кој ќе важи до 21 јануари, има за цел да избегне зголемување на бројот на заболени од ковид 19 во претстојниот период на празници.
Со новите мерки е предвидена реорганизација на работното време на угостителите и тие од петокот треба да затвараат во 18 часот, наместо до 21 часот како што беше до сега.