Каракачанов: Нашата позиција за С Македонија е во согласност со европските вредности

Министерот за одбрана на Бугарија, Красимир Каракачанов.

Пренесувањето на спорните прашања меѓу Бугарија и Македонија во Европската Унија нема да придонесе за несигурност и за нестабилност на Унијата, изјави во Варна вицепремиерот и министер за одбрана на Бугарија, Красимир Каракачанов.

„Пренесувањето на спорните прашања меѓу Бугарија и Северна Македонија во Европската Унија нема да придонесе за безбедноста и стабилноста на Унијата. Нашата позиција е правилна и синхронизирана со европските и со националните интереси“, изјави Каракачанов.

Заев: Не знаеме во што е проблемот со Бугарија

Како што пренесува Бугарското државно радио, Каракачанов во Варна ги коментирал и обидите од некои европски партнери за промена на бугарските позиции.

„ Јас нема да правам компромис со антибугарска политика и не ме интересира што дел од нашите европски партнери имаат поинакви ставови. Имаше обиди да не разубедат. Имаше обиди да не разубедат за работи за кои сепак немаа аргументи. Јас го разбирам обидот на некои од партнерите да наложат да отстапиме, но на крајот Бугарија мора да се грижи за своите интереси“, кажа Каракачанов.

Бугарското МНР: Нашата позиција кон Северна Македонија нема да се промени