Британија ги заострува ограничувањата поради мутацијата на коронавирусот

Коронавирс во Британија

Новиот вид на коронавирус што е идентификуван во Британија и кој е побрзо попренослив даде знак за аларм во таа држава, па премиерот Борис Џонсон вчера објави засилени ограничувања во Лондон и во други делови на Англија каде живеат над 16 милиони луѓе.

Мутацијата за првпат е откриена во средината на септември на југоистокот на Англија и стана доминантна форма на вирусот во Лондон, на југоистокот и источно од Англија.

Џонсон и британски научници рекоа дека новиот вид на коронавирус е до 70 проценти попренослив. Сепак, епидемиолозите рекоа дека нема докази кои сугерираат дека е посмртоносен или предизвикува потешка форма на болеста. Тие исто така веруваат дека вакцините ќе бидат подеднакво ефикасни и против новата варијанта.

Главниот научен директор на Велика Британија, Патрик Валенс, рече дека тој смета дека новата варијанта може да биде присутна и во други земји, но можеби е започната во Велика Британија. Други земји, исто така, објавија варијанти на вирусот, вклучително и во Јужна Африка, каде што еден од таквите видови предизвикува раст на заразените.

Во Велика Британија забележливо е зголемување на бројот на новозаразени лица од новиот вид на вирус. „Овој вирус се движи брзо и неизбежно води кон нагло зголемување на хоспитализирани пациенти во болниците“, рече Валанс.