НУК ќе се жали пред Уставен за работното време до 18 часот

Илустрација - Угостителски објект во Скопје во пандемија

Независната угостителска комора (НУК) денеска ќе поднесе Иницијатива за оценување на уставноста и/или законитоста на измените и дооплнувањата на Одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита од КОВИД-19 со кои се ограничува работата на угостителските објекти до 18 часот.

„Почнуваме да ги користиме сите правни мерки и дејства кои ни се на располагање во интерес и заштита на угостителската индустрија. Владата на 15 декември донесе селективни и дискриминирачки измени и дополнувања на Одлуката. Очигледно Владата си поигрува и ја потценува моќта и општествената улога и влијание на угостителите и угостителските работници“, изјави претседателот на НУК, Здравко Јосифовски.