Втора членка на „Пуси Рајот“ казнета за настап во Москва

Марија Алјокина од „Пуси Рајот““.

Московскиот суд ја казни втората членка на рускиот протестен колектив „Пуси Рајот“ за учеството во настап минатиот месец, на кој беа истакнати строгите затворски казни изречени против луѓето кои фрлаа со пластични чаши и шишиња кон полицијата.


Адвокатот Мансур Гилманов на 17 декември изјави дека Марија Алјокина е прогласена за виновна за кршење на прописите за јавни собири и дека ѝ е наредено да плати казна од 15.000 рубљи, што се околу 204 американски долари.

На 28 ноември, Алјокина, нејзината колешка Рита Флорес исто така позната и како Маргарита Коновалова, и уметникот Фархад Исрафили-Гелман изведоа перформанс којшто го нарекоа „Кревко! Ракувај се со грижа!“ недалеку од Државниот историски музеј во близина на Црвениот плоштад во руската престолнина.

На настапот, жените кои беа облечени во руска национална облека, со лента го врзаа за светлосен столб Исрафили-Гелман, кој беше облечен во полициска униформа.

Настанот ги потенцираше случаите против демонстрантите кои добија затворски казни минатата година за фрлање пластични предмети кон полицијата, која ги растеруваше на протестите во Москва.

На 3 декември, Флорес беше прогласена за виновена за повторно кршење на законот за јавни собири и осудена на 20 дена затвор.

Се чека судењето на Исрафили-Гелман за наводно кршење на законот за јавни собири.