Од утре во сила рестриктивните ковид-мерки, угостителитe бараат помош

Од утре стапува на сила новиот пакет на рестриктивни мерки против ковид-19 кои ги усвои Владата на предлог на Комисијата за заразни болести.

Новиот пакет мерки кој ќе важи до 21 јануари, има за цел да избегне зголемување на бројот на заболени од ковид 19 во претстојниот период на празници.

Со новите мерки е предвидена реорганизација на работното време на угостителите и тие од утре ќе затвараат во 18 часот, наместо до 21 часот како што беше до сега.

Независната угостителска комора со дел од здруженијата на угостители очекува до утре да добие покана од Владата за итна средба на која би се разговарало за новите рестриктивни мерки и за добивање директна финансиска помош за овој сектор.

Тие очекуваат конкретни владини мерки за надомест на штетите и загубите кои ќе настанат со тоа што ќе работат со скратено работно време. .Напоменуваат дека ќе ги запазат сите законски права и процедури во
Од Комората се надеваат дека Владата ќе ги послуша барањата на, како што велат, 6.500 угостителски објекти и 35.000 илјади вработени.
На сила останува забраната за собири на јавни места и се апелира до единиците за локална самоуправа да го засилат надзорот за почитување и спроведување на оваа мерка.

Забрането е групирање по плоштади за дочек и прослава на Новата година како и секаков вид на собири во периодот на празниците, а хотелите ќе треба да ги затворат своите ресторани по 21 часот. Забрана за собири на отворено и ограничен број посетители во затворен простор со задолжително носење на маски ќе важи и за празнување на верските празници кои следат.