Макрон позитивен на ковид-19

Францускиот претседател Емануел Макрон

Францускиот претседател Емануел Макрон е дијагностициран како позитивен на ковид-19, се наведува на официјалната веб-страница на француското претседателство.

Во соопштението се наведува дека 42-годишниот Макрон бил тестиран по појавата на првите симптоми.

Францускиот претседател ќе остане во изолација седум дена и ќе продолжи да работи и да ги извршува своите активности од дома.

Франција е меѓу најтешко погодените земји во Европа од пандемијата на коронавирусот, со повеќе од 2,4 милиони потврдени инфекции и скоро 60.000 смртни случаи од ковид-19.

Од ковид-19 претходно се заразија и други шефови на држави, како американскиот претседател Доналд Трамп и британскиот премиер Борис Џонсон, и на двајцата им беше потребна хоспитализација, но по закрепнувањето ги продолжија своите должности.