Грчката граница затворена до 7 јануари, освен за членки на ЕУ

Илустрација - Граничниот премин Евзони

Грција ја продолжи забраната за влез на странски државјани, вклучувајќи ги и македонските, до 7 јануари. Врз основа на заедничката министерска одлука на грчката влада од 12 декември 2020 година, во сила е забрана за влез на странски државјани во Грција, со цел да се спречи понатамошното ширење на Ковид-19.

Оваа забрана не се однесува на граѓаните на земјите членки на Европската унија (ЕУ) и на земјите од Шенгенот. Забраната не се однесува на медицинскиот персонал, истражувачите и здравствените работници, под услов нивниот влез во Грција да има деловни цели, лица кои подолго време престојуваат во земја членка на ЕУ или во Шенген зоната, како и оние кои имаат дозвола за престој во земјите -членки на ЕУ или во Шенген зоната.