Евростат: Бугарија и Хрватска најсиромашни членки на ЕУ

Илустрација

Бугарија е најсиромашна земја во Европската унија (ЕУ), а зад неа е Хрватска, покажуваат најновите податоци на Евростат објавени денеска. Според таа статистика, девет земји членки се над просекот на ЕУ во однос на материјалната благосостојба на домаќинството.

Најбогат е Луксембург, кој е за 35 отсто над европскиот просек, а потоа е Германија со 22 отсто. Австрија, Данска, Белгија, Холандија, Финска, Франција и Шведска се во групата земји кои имаат реална индивидуална потрошувачка од 9 до 18 отсто над просекот на ЕУ.

Романија не е во таа група, но е далеку пред Хрватска, која ја престигна во 2015 година и сега е изедначена со со Полска, а ја престигна Грција.