Државниот обвинител на САД поднесе оставка

Американскиот државен обвинител Вилијам Бар со претседателот Доналд Трамп

Американскиот државен обвинител Вилијам Бар поднесе оставка поради тензиите со претседателот Доналд Трамп во врска со неоснованите тврдења на претседателот за изборни измами. До ова дојде на денот кога Изборниот колеџ ја потврди изборната победа на Џо Бајден над Трамп. Трамп ја објави оставката на Твитер по состанокот со Бар во Белата куќа. Тој го објави писмото за оставката на Бар заедно со твит во кој се вели дека имал „многу убав состанок“ со Бар, кој бил еден од неговите најголеми сојузници. Неговиот последен ден на работното место ќе биде 23 декември.

Министерот за правда на САД тврди дека немало измама што би го променила изборниот резултат

„Нашата врска беше многу добра, тој заврши извонредна работа!“, напиша Трамп кој во почетокот на овој месец беше лут кога Бар рече дека Министерството за правда не открило широко распространета изборна измама што би го сменила резултатот од изборите. Трамп исто така не беше задоволен што Министерството за правда не објави јавно дека го истражува Хантер, синот на Џо Бајден, пред изборите. Во неговото писмо Бар го пофали претседателот за „невидени достигнувања“. Веста за оставката на Бар дојде непосредно откако Изборниот колеџ на САД официјално ја потврди победата на Бајден.