Истекува рокот за договор меѓу Британија и ЕУ

Bританскиот премиер Борис Џонсон и претседателката на Европската комисија Урула вон дер Лајен.

Во недела на 13 декември истекува договрениот рок за постигнување на договор меѓу Европската унија и Велика Британија, со кој треба да го усогласат трговскиот договор за периодот по Брегзит.

Крајниот рок беше договорен минатата недела завреме на состанокот меѓу британскиот премиер Борис Џонсон и претседателката на Европската комисија Урула вон дер Лајен.

Во меѓувреме на 12 декември, беа продолжени тргвските преговори нмеѓу главните преговарачи на Брисел и Лондон, а требаше да продолжат денеска.

Џонсон во петокот на 11 декември рече дека разговорите „многу веројатно“ се пропаднати и дека Британија ќе се врати на условите на Светската трговска организација (СТО).

На европските лидери исто така им е кажано дека шансите задоговор се мали, бидејќи и двете страни, бидејќи и двете стани се во расправија околу правилата кои ја регулираат фер конкуренцијата и риболовните права вобританските територијални води.

Еден бритнски весник објави дека владини претставници побарале од супермаркетите да складираат залихи во случај на недостиг на храна.

Постои растечки стравувања од хаос по 31 декември доколку двете страни не постигнат договор.

Велика Британија ја напушти ЕУ на почетокот на 2020 година, но економски остана дел од блокот од 27 членки за време на транзицискиот период од 11 месеци, бидејќи двете страни се обидуваат да постигнат нов договор за слободна трговија, кој треба да стапи на сила на 1 јануари.

Трговскиот договор треба да овозможи движење на стоки меѓу Велика Британија и ЕУ без тарифи, и квоти по крајот на оваа година, иако сепак би имало нови трошоци и бирократија за компаниите од двете страни.

Доколку не биде постигнат договор, Новата година ќе донесе огромни нарушувања, наметнувања на царину преку ноќ и други пречки за трговија меѓу Британија и ЕУ. Тоа ќе им наштети на двете страни, но товарот ќе падне најмногу врз Велика Британија, чија трговија е скоро една половина со Унијата.