Убиени четири војници во Нагорно-Карабах во услови на прекин на огнот

Баку, Азербејџан - 10 декември 2020: Оклопно возило „Кобра“ опремено со митралез ПК и противтенковски ракета „Шершен“ за време на воена парада по повод крајот на воениот конфликт во Нагорно-Карабах.

Азербејџански безбедносни претставници соопштија дека четири војници биле убиени за време на избувнување на борби во Нагорно-Крабах, инцидент кој се случува откако минатиот месец завршија големите судири со договор за прекин на огнот.

Во соопштението на Министерството за одбрана на 13 декември се дадени малку детали за убиствата на војниците, освен што е кажано дека тие се случиле за време на „антитерористичка операција“ во близина на Хадрут – јужниот округ на планинската енклава.

Во меѓувреме, ерменското Министерство за надворешни работи одговори на обвинувањата на Азербејџан за „груби прекршувања“ на примирјето, но не даде повеќе детали. Ден претходно, ерменското Министерство за одбрана ги обвини азербејџанските сили за напад врз позиции кои ги држат силите на етничките Ерменци во близина на Хадрут.

Армијата за одбрана на Карабах, борбените сили на етнички ерменската администрација која го контролираше Нагорно-Карабах до прекинот на огнот минатиот месец, претходно соопшти дека дека тројца нејзини војници биле повредени во судири на 11 декември.

Руските мировници, кои го мониторираат договорот за прекин на огнот, ги признаа прекршувањата во Хадрут во двата дена, но не спосочија на која страна е вината.

Нагорно-Карабах му припаѓа на Азербејџан, но територијата и некои околни области се контролирани од етничките ерменски сили уште од раните 90-ти години.

Двете страни редовно се пресметуваа, но во септември Азербејџан започна воена кампања која резултираше Баку да ја поврати контролата врз околните области и поголемиот дел од самиот Нагорно-Карабах.

Страните на почетокот на ноември се согласија на прекин на огнот со посредство на Русија, што резултираше со распоредување на 2.000 руски мировни сили во зоната на конфликтот.