Тројца загинати при експлозија во Кабул

Експлозија во Кабул. 13.12.2020.

Полицијата во Кабул соопшти дека најмалку три лица загинале во одделни напади со бомби и оружје во авганистанскиот главен град.

Насилството на 13 декември доаѓа еден ден откако серија минофрлачки напади го погодија градот и неговиот аеродром, при што загина најмалку едно лице.

Фердас Фарамац – портпарол на шефот на полицијата во Кабул, изјави дека магнетна „леплива“ бомба била прикачена на околопно возило при што загинале две лица, а уште двајца биле повредени.

Тој исто така рече дека владиниот обвинител бил смртно застрелан во источен Кабул додека патувал кон неговата канцеларија.

Засега нема преземање на одговорност за нападите.

Насилството во Авганистан вртоглаво се зголеми во последните месеци дури кога Талибанците и преговарачите на Авганистанската влада се обидуваат да постигнат мировен договор кој може да стави крај на децениската војна.

Дел од насилството се гледа во соочувањето на талибанските борци против терористички групи како борците на Исламската држава, додавајќи загриженост за хаос.

САД исто така прават напори за повлекување на илјадници трупи од земјата.