Времето денеска облачно со засилен ветер

Облаци над Скопје

Времето во земјава ќе биде претежно облачно со повремени сончеви периоди во источните делови. Во западните делови ќе има услови за слаб локален дожд, а на планините за слаб снег.

Долж Повардарието попладне ќе дува засилен северен ветер, кој во текот на ноќта ќе се прошири насекаде. Дневната темература ќе се движи од девет до 14 степени.

Во Скопје времето ќе биде претежно облачно, а попладне со засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне десет степени.