САД ја одобри вакцината на „Pfizer“ и „BioNTech“

Вакцина против Ковид-19.

Американскиот регулатор за лекови ја одобри вакцината за коронавирус Pfizer-BioNTech за итна употреба, отворајќи го патот за првите инјекции во рок од неколку дена во услови кога бројот на смртни случаи во САД се приближува до 300.000.

Зеленото светло од Администрацијата за храна и лекови (ФДА) на 11 декември деше дадено само еден ден откако независен советодавен панел ја одобри вакцината со две дози за употреба кај лица на возраст од 16 до 85 години.

Во видео изјава претседателот Доналд Трамп ја опиша вакцината како „медицинско чудо“ што ќе спаси милиони животи и ќе стави крај на пандемијата.

„Доставивме безбедна и ефикасна вакцина за само девет месеци. Ова е едно од најголемите научни достигнувања во историјата“, рече Трамп во најавата за одобрувањето на ФДА.

Pfizer планира да обезбеди околу три милиони дози во првата пратка оваа недела за 1,5 милиони луѓе.

Во првите вакцинирања, кои може да се администрираат за 24 часа, приоритет ќе имаат здравствените работници и ранливите жители.

Вакцината доаѓа бидејќи третиот бран на вирусот ја опфати целата земја, со зголемени инфекции и хоспитализации, принудувајќи ги државите да воведат ограничувања што повторно му се закануваат на кревкото економско закрепнување.

Британија, Канада, Мексико, Саудиска Арабија и Бахреин веќе ја одобрија вакцината. Други одобрувања, вклучително и од Европската унија се очекуваат во наредните недели.