Најголем број досега - 46 починати од ковид-19

Ковид-19 амбуланта во Скопје

Во последните 24 часа како последица на ковид -19 починале 46 лица. Ова досега е највисока бројка на починати од вирусот. Починатите биле на возраст од 28 до 89 години. Од нив седум луѓе се починати вон, останатите се починати во болнички услови.

Во изминатото деноноќие регистрирани се 504 нови случаи на ковид-19 од направени 1470 тестирања, соопшти Министерството за здравство. Во Скопје има 174 нови случаи, во Тетово-47, Прилеп-36, Велес-31, Гостивар-27, Кавадарци-26, Дебар-21, Охрид-19, Штип-18, Куманово, Гевгелија и Свети Николе по 15, Струмица-12, Неготино-10, Битола-8, Радовиш-7, Делчево-6, Крива Паланка-5, Кочани-3, Берово и Валандово по 2, Виница, Македонски Брод, Крушево Пробиштип и Струга по еден.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 731 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 69954, бројката на оздравени пациенти е 46352, на починати е 2023, а бројот на активни случаи изнесува 21579.