Спасовски: Приведени 8 лица во акцијата во Арачиново, истрагата трае

Оливер Спасовски

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска соопшти дека се приведени осум лица во текот на вчерашниот ден во акцијата во Арачиново, каде беше најдена голема количина на марихуана.

Сепак, министерот, во интерес на истрагата, не откри повеќе детали.

„Со оглед на тоа дека истрагата сѐ уште трае, има и проширување на истрагата. За сите детали коишто може да бидат соопштени до јавноста, ќе бидат соопштени во моментот кога ќе се процени дека нема да се наштети на истрагата или кога целосно ќе ја завршиме оваа истрага“, рече Спасовски.

По вчерашната акција на Министерството за внатрешни работи, портпаролот на полицијата рече дека се работи на расчистување на кривичното дело „разбојништво“ извршено меѓу 3 и 4 декември во склад на фирма во Јосифово, валандовско при што биле одземени близу два тона марихуана.