Нови 659 случаи, оздравени 774, а починати 23 пациенти од корона

Ковид-19 центар во Скопје. Илустрација.

Во последните 24 часа се направени 1715 тестирања, а регистрирани се 659 нови случаи на ковид-19. Починати се 23 лица, пет пациенти од Скопје, по четири од Струга и од Битола, тројца пациенти од Охрид, по двајца од Штип и од Радовиш и по еден од Гостивар, Струмица и Крушево. Од нив тројца пациенти се починати вон, останатите се починати во болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 774 оздравени пациенти. Досега во земјата се направени вкупно 348.795 тестирања на ковид -19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 67968, бројката на оздравени пациенти е 43646, на починати е 1924, а бројот на активни случаи изнесува 22398.