Постигнат договор меѓу приватните болници и Министерството за здравство

Венко Филипче

Сопствениците на трите приватните болници во Скопје вечерва постигнале договор со министерот Венко Филипче, болницата Мала Богородица да се користи како нов ковид центар во кој ќе може да се сместат 100 пациенти. Овој беше втор состанок во Министерството за здравство, на кој одлучувале околу начинот на кој приватните болници ќе се вклучат со лекување на пациенти заразени со Ковид-19.

„Вечерва постигнавме договор и постигнавме капацитет од 100 кревети. Заеднички се договоривме болницата „Мала Богородица“ старата „Систина“, да се користи како инфективно одделение на кое ќе се примаат болни од Ковид-19“, изјави по средбата министерот Филипче.

Трошоците за лекување нема да ги сносат граѓаните кои ќе се лекуваат таму, појасни министерот. Тој додаде дека за неколку дена целосно ќе се опреми таа болница, ќе се инсталира кислород,, а сите ќе помогнат со ресурси и со капацитетите кои ги имаат. Кадарот што ќе работи таму е целосно од тимовите на трите приватни болници.

Нови 35 хоспитализирани поради компликации од коронавирусот

Претставниците на приватните болници потврдија дека целосно се ставаат на располагање на државата односно на Министерството за здравство и ќе излезат во пресрет со кадар и со ресурси.