Продолжуваат протестите во Белорусија

илустрација

Демонстрантите во Минск денеска се собраа на нов протест со барање за заминување на Александар Лукашенко и распишување нови претседателски избори во Белорусија. Групите за права соопштија дека десетици луѓе се приведени додека се собирале во знак на протест на неколку места во Минск, извикувајќи „Да живее Белорусија“ и носејќи го црвено-белото белоруско знаме.

Македонија се придружува на санкциите на ЕУ кон Белорусија

Организаторите на протестот побараа од луѓето да се соберат на различни места околу главниот град пред да формираат поголеми групи во обид да спречат апсења.
Пред метро-станицата во центарот на Минск, полицијата употребила шок бомби за да ја растера толпата, а колони на воени возила биле забележани во неколку делови на градот. Групата за заштита на правата, Вјасна, објави дека од 16 ноември до денеска полицијата привела најмалку 70 лица.

Протестите во Белорусија траат од спорните претседателски избори на 9 август, на кои Лукашенко тврди дека го освоил шестиот мандат.