Честитки од Заев и Џафери за Денот на албанската азбука

Зоран Заев и Талат Џафери

По повод Денот на албанската азбука 22 ноември честитка до албанскиот народ испратија премиерот Зоран Заев и претседателот на Собранието Талат Џафери. Претседателот на Владата потенцира дека ја потврдуваме заедничката определба за унапредување на енитчката и културната разноликот, во рамки на чествувањето на Денот на албанската азбука.

„Наша должност, должност на државата е да ги почитува, чува и негува посебностите на јазикот и писмото на секоја нејзина заедница. На тоа нè повикуваат и европските вредности, како вредности што ги прифативме како наши на патот на нашата интеграција во Европската Унија“, стои во честитката.

Џафери апелира до сите политички претставници, до институциите кои се основани за водење грижа за овој дар, до пишаните и електронски медиуми, до административните, просветните работници, со свој пример да придонесат во растот на нови генерации кои ќе го сакаат, ќе го чуваат, почитуваат и говорат стандардниот албански јазик со сета негова убавина, богатство и посебност.

„Дарот е голем, меѓутоа аманетот да се чува тој дар е уште поголем“, се вели меѓудругото во честитката од спикерот Џафери.