Косовско МНР: Нема да дозволиме Вучиќ да го посети Косово

Мејиза Харадинај Стубла

Косовското Министерство за надворешни работи и дијаспора на Косово соопшти дека нема да дозволи посета на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на Косово, пренесува Бета. Министерката за надворешни работи на Косово Мејиза Харадинај Стубла изјави дека барањето за посета на Косово е „повеќе навредливо отколку провокативно“.

Министерството за надворешни работи за порталот „Газета експрес“, потврди дека пред два дена Вучиќ поднел барање за посета на Косово со уште тројца соработници. Во делегацијата со Вучиќ се предвидувало да бидат и министерот за внатрешни работи на Србија, Александар Вулин, директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ и поранешниот директор на таа канцеларија, Марко Ѓуриќ.

Барањето за посета следи по откривањето на масовна гробница во Србија, за која постои сомнение дека во неа се тела на косовски Албанци убиени во конфликтот во 1999 година, наведува „Газета експрес“.