Албанскиот претседател Илир Мета кој денеска е во посета на Дебар каде што се одржува Академија по повод 111 годишнината од Дебарскиот Конгрес , изјави дека верува дека „ Република Северна Македонија ќе го надмине проблемот со Бугарија и тоа по пат на демократски дијалог и многу брзо ќе ги започне преговорите за членство во ЕУ.
Тој додаде дека Северна Македонија со својата политика има мошне позитивни демократски и политички процеси и затоа е многу блиску до ЕУ . Мета во врска со позицијата на Албанија за почеток на преговорите во споредба со РС Македонија нагласи дека таа треба да стори многу повеќе.
„Нема друг пат од патот кон ЕУ и тој треба да продолжи. Односите на билатерален план помеѓу Скопје и Тирана се мошне добри, но има можност тие да се продлабочуваат“ рече албанскиот претседател по средабата што ја имаше со дебарскиот градоначалник Хекуран Дука.
ЕП жали што Бугарија и Северна Македонија се уште не нашле компромис
Мета имаше и поздравен говор пред членовите на Советот на Дебар каде што нагласи дека многу е горд што денеска за прв пат како претседател на Албанија престојува во Дебар и учествува на Академијата посветена на 111 годишнината на Дебарскиот конгрес за кој нагласи дека е од историско значење за албанскиот народ. Тој пред дебарските советници рече дека живееме во време на пандемија и треба да го чуваме здравјето, но дка сепак треба да се работи на развојот на економски план на двете држави со цел младите да останат во своите земји.