Пендаровски: Армијата ќе дава поддршка на полицијата и здравствените установи

Стево Пендаровски

„Кризната состојба на целата територија на Северна Македонија во траење од 30 дена, што на предлог на Советот за безбедност вчера ја прогласи Владата, и овозможи на Армијата да дава поддршка на полицијата и на здравствените установи“, напиша денеска на Фејсбук претседателот Стево Пендаровски.

Претседателот додава дека според Законот за менаџирање со кризи, Армијата ќе и помага на полицијата во обезбедување на стратешки објекти, болници, како и во обезбедување на магацини со лекови и со друга заштитна медицинска опрема.

Владата прогласи 30-дневна кризна состојба

„Сметам дека ваквата помош и поддршка е повеќе од потребна за здравствените власти и полицијата, коишто веќе деветти месец деноноќно се борат се пандемијата на #КОВИД19 и се крајно исцрпени“, пишува Пендаровски на Фејсбук.