СЗО: Ако 95 отсто од луѓето носат маски нема да ни треба карантин

Регионалниот директор на Светската здравствена организација за Европа, Ханс Клуге

Нови мерки кои вклучуваат карантин во Европа може да се избегнат, а еден од можните начини да се постигне тоа е речиси сите граѓани да носат маски, изјави денеска регионалниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа, Ханс Клуге. Тој на денешната прес-конференцијата рече дека „затворањето“ е крајната мерка.

„Ако 95 отсто од граѓаните носат маски, тогаш 'затворање' не би било потребно“, потенцираше Клуге.

Тој додаде дека основните училишта треба да останат отворени и додаде дека децата и адолесцентите не се двигатели на ширењето на коронавирусот и дека затворањето на училиштата не е ефикасно.