САД воведоа нови санкции врз Иран

Мајк Помпео

САД воведоа нови санкции против Иран, откако државниот секретар Мајк Помпео рече дека чекорите спротивни на претходната политика на администрацијата на Трамп ќе бидат „глупави и опасни“. Санкциите ја погодуваат водечката иранска добротворна организација Мостазафан и околу 160 нејзини филијали за, како што е наведено од Министерството за финансии и Стејт департментот, кршење на човековите права. Во изјавата под наслов „Важноста на санкциите наметнати врз Иран“, Помпео наведува дека потезите на администрацијата на Трамп против Иран го направија светот побезбеден.

Иран ќе му „се врати“ на нуклеарниот договор ако Бајден ги укине санкциите


„Иако станува збор за навидум добротворна организација со задача да им помага на сиромашните и угнетените, нејзините средства се експроприрани од иранскиот народ и се користат од врховниот водач Али Хамнеи за збогатување, наградување на неговите политички сојузници и прогон на непријателите на режимот“, се вели во соопштението на Министерството за финансии. Администрацијата на Трамп се обидува да го зголеми притисокот врз Иран пред Џо Бајден да ја преземе власта во САД. Бајден рече дека сака да работи на приближување кон Иран.