Во Македонија починаа 40 лица од корона вирус, 591 се новозаразени

Инфективна клиника, ковид 19 амбуланта

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1683 тестирања, а регистрирани се 591 нови случаи на ковид-19 од кои најмногу заболени има во Скопје-218.

Починати се 40 лица, десет пациенти од Скопје (66, 66, 76, 61, 51, 72, 52, 83, 49 и 84г), двајца од Куманово (77 и 77г), тројца од Штип (70, 62 и 80г), пет од Прилеп (63, 62, 66, 54 и 64г), еден пациент од Тетово (55г), двајца од Струга (56 и 60г), тројца од Велес (70, 51 и 89г), тројца од Битола (69, 69 и 71г), двајца пациенти од Кавадарци (67 и 78г), тројца од Гостивар (71, 65 и 81г), еден пациент од Дојран (ПЕ Гевгелија -56г), еден од Струмица (84г), еден од Крушево (76г), еден од Свети Николе (68г) и двајца пациенти од Кичево (75 и 81г). Од нив еден пациент е починат вон, а останатите се починати во болнички услови.

Филипче: Се разгледуваат можности за нови ковид центри

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 439 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 47636, бројката на оздравени пациенти е 27803, на починати е 1345, а бројот на активни случаи изнесува 18488.